УМЕТНИЧКО АТЕЛЈЕ

Уметничко ателје. Манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка

Создавањето дизајни за одеждите, поттикна во нас потреба за учење и проучување на икописот, мозаиците, калиграфијата, фрескописот, ризниците со одежди, но и традиционалните, најчесто македонски, ткаени и везени ризи. Самото тоа во нас роди мал творечки поттик, чиј плод  е ова ателје.

Оплеменување на керамички шолји и кадиници

Оплеменувањето со контурни бои на керамички шолји и кадилници е уште еден скромен креативен обид да ја презентираме богатата ризница на фрескоживопис и црковната орнаментика како и автентичноста на шарите од носиите на народното творештво што ја твореле и ни ја оставиле во наследство со векови наназад нашите предци.