Иконостас во плитка резба
Детали од рачна плитка резба на иконостасот (дело на поранешната копаничарска работилница Емо-Охрид) подготвен и поставен за храмот Успение на Пресвета Богородица- Матка, во 2000 год. Резбата е проект на Васил Илиев кој сите мотиви ги црпи од плитката резба на Слепчанската школа- автентичен стилски израз во резбарството во XIV век, создаден од монасите од манастирот св.Јован Крстител во Слепче.
Иконите на иконостасот, се дело на Малка Конеска.
Врата со икони во плитка резба
Детали од рачна плитка резба на еднокрилна врата (дело на Миле Нестор) подготвени и поставени за храмот Успение на Пресвета Богородица- Матка, во 2000 год. Резбата е проект на Васил Илиев кој сите мотиви ги црпи од плитката резба на Слепчанската школа- автентичен стилски израз во резбарството во XIV век, создаден од монасите од манастирот св.Јован Крстител во Слепче.
Цртежите на иконите се дело на Малка Конеска.
Постолје за икона во плитка резба
Детали од рачна плитка резба на постолјето за чудотворната икона на Пресвета Богородица подготвенo и поставенo за храмот Успение на Пресвета Богородица- Матка, во 2019 год. Резбата е по пример на плитката резба на Слепчанската школа- автентичен стилски израз во резбарството во XIV век, создаден од монасите од манастирот св.Јован Крстител во Слепче. Изработена е од..
Чудотворната икона на Пресвета Богородица, е дел од стариот иконостас, од XVIII-ти век, денес во параклисот на свети Григориј Палама и свети Наум Охридски- во склоп на монашкиот конак