Постојат повеќе црковнословенски книги мал дел во ракопис, а поголем дел печатени, на кои се оставени записи дека се своина на манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка.
Ползувани се при богослужбите, во периодот од XIX-ти век до денешни дни.
Книгите кои се денес дел од библиотеката на манастирот, во голем дел се богослужбени, но има и богословски изданија, како Лествицата на свети Јован Лесвичник, изданија на Свети Јован Кронштадски, Свети Серафим Саровски. Сведоштво се за континуираниот монашки живот во манастирот Успение на Пресвета Богородица-Матка.
Нивната каталогизација и кратка обработка ни е проект кој би сакале во блиска иднина да го реализираме.
МЕСЕЧНИ МИНЕИ ОД СЕПТЕВРИ ДО АВГУСТ
Добро сочувани, сите се печатени изданија во Киев.
На Минеите (скоро за сите месеци), кои и денес се користат во Богослужбите забележано е дека се оставени во наследство на библиотеката на манастирот од Јеромонах Симон Петкович кој се упокоил на 07.06.1914г.
Собрат и настојател на манастирот, во времето на упокоение на о.Симеон бил јеромонах Теофил.