Периодот на Османлиско царство од почеток на XVI-ти до крај на XIX век

           Во овој период манастриот Успение на Пресвета Богородица бил, во континуитет, машки манастир со развиена книжевна дејност.

          Од овој манастир потекнува Кодик којшто се наоѓа во Софиската Народна библиотека. Ракописот во својот основен дел настанал во шеесетите или осумдесетите години на 16 век, а во подоцнежните периоди бил постојано надополнуван. Во кодикот има и записи од 17-18 век, коишто од првичните се разликуваат по писмо, јазик и содржина.

            Кодикот навистина носи подоцнежни датуми на впишување (1564 – 1580г.) мeѓутoa, секако, станува збор за препис од постар оригинал што подоцна бил дополнуван. Врз неговиот основен дел работеле тројца пишувачи: јеромонах Евстратиј, монах Никодим и Азариј. Тоа го дознаваме од записите на самиот ракопис кои ги оставиле истите за својата работа.

            Кодикот на манастирот Матка е мал ракопис, кој содржи 49+1 листа.На првиот лист даден е вовед кој е карактеристичен за повеќето кодици и во кој се вели дека црквата е подигната со труд и љубов. Се спомнуваат садовите за служење (златни и сребрени), икони (со сребро и злато украсени) и книги (со и без окови)…И сè што е наведено во Хрисовулот и Законикот на светите ктитори (документ, кој нам не ни е познат)…

           Кодикот во еден дел е всушност поменик, од каде наведените имиња  се спомнуваат за време на црковните служби – за здравје на живите и  место на починатите во Царството небесно. Пред почетокот на имињата од поменикот напишано е дека истиот ќе се чита на Службата секоја сабота. Тоа потврдува дека имало редовни Богослужби, покрај неделните, кога по преданието се собирале на Литургиите подвижниците од пештерите и испосниците во манастирот Матка.

          Литургии се служеле и по барање на верниците, грижливо запишани покрај нивните имиња во кодикот.

           На крајот од кодикот, напишани се избор и делови од молитви од утрената служба.

           Во ракописот постојат многу записи кои се однесуваат на даровите и прилозите на поклониците за манастирот.

           Кодикот се пишувал во континуитет. Еден запис во ракописот сведочи дека тој бил пренесен во Шишевскиот манастир кога игуменот јеромонах Саватиј од манастирот Успение Богородично – Матка преминал во Св. Никола – Шишевски, пред чие опожарување пак, во 1897г. бил пренесен од монахот Харитон во Бигорскиот манастир, за подоцна од таму да биде однесен во Софија.

 

           КОДИК НА МАНАСТИРОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА МАТКА( во целост објавен од др.Славица Николовска-го имаме во spomenitsi_za_srednovekovnata_i_ponovata_istorija_na_makedonija.pdf-69MB.. да се договориме колкави да прикачам максимум пдф. документи)

 

           Сопственост на манастирот бил ракописен Минеј за април, кој датира од 15-16 век, пишуван на хартија, и содржи 113 листа. Ракопис на манастирот Матка бил и еден Октоих, во кој има запис од 1687 година. Во записот се споменува дека таа книга во времето на владиката Естимиј и духовникот Антониј била поклонета на манастирот Света Богородица на реката Треска, од страна на браќата Андреја и Стојан ковач.

 

       ГАЛЕРИЈА СЛИКИ ИЛИ ПДФ

 

             На Пентикостарот кој најверојатно во 1801г. бил донесен од Шишевскиот манастир има натпис од монах Авксентиј во 1846г., во кој самиот напишал дека потекнува од Старо Нагоричане и во 1801г. дошол во манастирот Матка, кој тој го нарекува Богородица Троеручица (најверојатно според иконата на Богородица – Троеручица, која и денес се чува во манастирот). Истиот монах се споменувал и во натпис во една од собите на денешните конаци од 1851г.

             

      ГАЛЕРИЈА СЛИКИ ИЛИ ПДФ

 

            Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, точно опишувајќи ја локацијата на манастирот, во запис за весник од 1856 г. ја нарекува црквата- Богородица Троеручица (најверојатно по иконата која и денес се наоѓа во манастирот), а во постар запис од 1854 година, пишува дека манастирот тешко го одржува монах Авксентиј. 

 

[ngg src=”galleries” ids=”348″ display=”basic_slideshow” gallery_width=”400″ gallery_height=”400″] 

         Во текот на 19 век биле изведени извесни поправки во сводот на црквата кога биле изградени и манастирските конаци. Постоел запис во соба од конаците:

“Во тоа време беше Аксентиј монах 1851 месец септември ден 10 да се знае дека Илија Станоев направи одаја за здравје и спасение, амин“

 

              ГАЛЕРИЈА КОНАК

 

            Иконостасот стар галерија и податоци. Чудотворната икона.